Плаќање на заостанати сметки за вода и смет без камата до 28 јуни
Заостанатите сметки за вода и за собирање и транспортирање комунален отпад граѓаните на Скопје ќе можат без камата да ги платат во периодот од 13 мај до 28 јуни 2019 година.
Од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје и ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека корисниците што имаат заостанат долг за потрошена вода и за собирање и транспортирање комунален отпад (тужен и редовен) ќе имаат можност да го платат без пресметана камата за задоцнето
плаќање.
Можноста корисниците да го платат долгот без пресметана камата е со определено времетраење во предвидениот рок, сметано од 13 мај до 28 јуни 2019 година. Физичките лица и правните лица ќе може да го исплаќаат својот долг со склучување договор до 24 месечни рати.