„Пиволенд“ на паркингот кај СС „Борис Трајковски“ од 21 до 23 септември
Дванаесеттото издание на скопскиот пивски фестивал „Пиволенд“ ќе се одржи на 21, 22 и 23 септември на паркингот пред спортската сала „Борис Трајковски“.
Како што известуваат од организацијата на фестивалот, најголемиот гурмански викенд со пиво во Скопје, како и претходните изданија ќе понуди широка палета на домашни и странски брендови на индустриски пива, како и многу различни домашни занаетчиски (крафт) пивски брендови, кои посетителите ќе можат да ги дегустираат заедно со вкусна храна и богата музичка програма.
Оваа година како и многу предходни простор за докажување и можност да свират на голема сцена добиваат млади и неаформирани бендови и артисти.
Од минатото до денес голем дел од нив веќе имаат респектабилна кариера и придонес на македонската култура и уметност.
Поткрепени од веќе легендарни македонски бендови и артисти 2BEER OR NOT 2BEER STAGE е местото на Пиволенд 2023 каде душата на музиката живее и просперира.
Посетете дел од изведувачите и запознајте го новиот бран на квалитетни музички изведувачи и диџеи.
Петок е и ден за прослава на 50 години Хип-хоп, дружење на македонскиот рап од цела Македонија со екипи и луѓе од Скопје, Велес, Штип, Струмица, Тетово, Охрид, Прилеп, Битола каде од 22:30 по пригодниот говор и симболични награди за придонес на хип хоп културата ќе следат настапи во живо на легендарни рап групи и артисти: – Чиста Околина, Подземан Ефект, Бед Контракт, Видо, Пука Козметика, Трим и многу други, за крајот на денот да го дочекаме од грамофонот на Диџеј Попај.