Пит со Рамон на премиерата на „Ф1“, нејзиниот изглед ја подели јавноста


Иконскиот актер Бред Пит неодамна го прекина молчењето за својата врска со новата девојка Инес де Рамон.

Кога беше прашан дали одлуката да се појави на трка во Формула 1 за прв пат со неговата нова девојка била намерна, актерот јасно стави до знаење дека не го пресметува својот живот. „Не, човече, не е толку пресметано“, рече тој. „Ако живееш, о Боже, колку би било тоа исцрпувачки? Ако живееш правејќи такви пресметки? Не, животот едноставно еволуира. Врските еволуираат.“

Пит првично почна да се забавува со дизајнерот на накит во 2022 година, но двојката остана надвор од центарот на вниманието – сè до петок, 13 јуни, кога двојката беше забележана на двоен состанок со Бредли Купер и Џиџи Хадид.

Само неколку дена подоцна, Пит и де Рамон повторно беа во центарот на вниманието за ретко појавување на црвениот тепих за неговиот нов филм „Ф1“. Станува збор за спортска драма за Формула 1. Пит во филмот „F1“ го портретира Сони Хејс, возач на Формула 1 кој се тркал во деведесеттите и преживеа тешка несреќа. 

Во филмот играат и Хавиер Бардем, Луис Хамилтон, Демсон Идрис и Кери Кондон.„F1“ го режираше Џозеф Косински, кој стои зад големиот блокбастер „Top Gun: Maverick“. Филмот е на репертоарот на Синеплекс од 26 јуни. 

Оскаровецот ја водеше својата девојка за рака додека стапнуваше на црвениот тепих на Тајмс Сквер во Њујорк во понеделник. 61-годишниот Пит подоцна беше виден како ја обвиткува раката околу нејзиниот струк додека позира за фотографии.

Ѕвездата од „Боречки клуб“ носеше темно сино одело со пастелна кошула, додека де Рамон носеше проѕирен топ со длабоко деколте, црн ремен, со здолниште со пердуви до подот. Изгледот го заврши со бела чанта, штикли со платформа. Косата ѝ беше собрана опуштено. Моделот од колкцијата на Шанел предизвика дебата на социјалните мрежи. Додека некои беа воодушевени, други имаа забелешки за изборот на комбинација.
„Изгледа одлично“, „Фустанот на Инес е чуден, каде е вашиот стилист, ве молам“, „Едноставен и убав“, „Прекрасни и двајцата“, „Го обожавам нејзиниот аутфит“, „Тој црн појас уништи сè“, „Изгледа евтино“, „Толку многу во стилот на 90-тите“, се само дел од коментарите од корисниците на социјалните мрежи.

Таткото на шест деца е во врска со де Рамон од 2022 година.

Пит и неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли го склучија разводот во декември 2024 година – и според еден инсајдер, токму Рамон го охрабрил да ја заврши осумгодишната правна битка.

„Инес влијаела врз него конечно да се спогоди“, изјавил извор за „Пејџ Сикс“ во тоа време.