Писателот Венко Андоновски го поддржа Максим Димитриевски


Писателот Венко Андоновски преку видео обраќање ги повика граѓаните на Куманово да гласаат за независниот кандидат Максим Димитриевски и за граѓанската иницијатива „За Наше Куманово“.

„Сакам да ви кажам дека многу се израдував кога ја слушнав веста дека
вашиот актуелен градоначалник Максим Димитриевски се кандидира како
независен кандидат. Се израдував затоа што сум човек којшто високо ја
цени личноста и којшто од искуство знае дека личностите им даваат
авторитет на институциите и системите, а не системите на личностите.
Максим со самата таа кандидатура веќе победи пред да почне трката за
градоначалник. Мислам дека личноста е централна категорија на нашето живеење
и дека нашата државна независност е незамислива без силни личности“, рече Венко Андоновски.