Пијано и солзи во разурнатиот дом во Украина (Видео)
На видеото се гледа како Алина Ременец од Тернопил, Украина, свири на пијано среде урнатините од нејзиниот стан, каде што нејзиниот татко Виталиј беше убиен на 2 декември во напад со руски беспилотни летала.
Нејзината мајка Ивана со своето тело ја заштитила нејзината 11-годишна сестра Вероника, но и самата се здобила со тешки изгореници. Алина не била дома во моментот на рускиот напад.
https://x.com/i/status/1864250404478812385