Петровска сака да престане бетонизацијата на Скопје


Ана Петровска кандидат за градоначалник на Скопје поддржана од Група избирачи се осврна на бетонизацијата на градот и немањето на зеленило, паркинг и јавен транспор, а во зима , смета дека градот е екстермно загаден.

– Секоја година 3.000 луѓе го губат животот заради тој загаден воздх и тоа мора да се реши, вели таа.

– Ние како претставнци на „Зелен хуман град“ се залагаме сите овие појави да се променат од корен и со новиот Генерален урбанистички план да престане бетонизацијата на градот, да отвориме нови паркови, да го решиме одржливо сообраќајот да ги исчистме сите диви депонии кои никнуваат во градот и да создадеме центри за рециклажа – рече  Петровска во гостувањето на ТВ24.