Петнаесет отсто Германци нема да можат да плаќаат за комунални услуги поради цената на гасот

Германските комунални претпријатија проценуваат дека поради високите цени на горивата, околу 15 отсто од корисниците на нивните услуги нема да можат да плаќаат сметки за комунални услуги, изјави првиот човек на здружението ВКУ за медиумската групација „Функе“.
Околу 900 комунални претпријатија дистрибуираат две третини од германскиот гас, како и снабдуваат електрична енергија, вода и топлинска енергија, го отстрануваат отпадот и обезбедуваат широкопојасен интернет пристап.
Компаниите купуваа гас по многу високи цени, па се очекува од октомври преку планираните давачки за гас да им го префрлат на граѓаните.
„Некои комунални претпријатија проценуваат дека до 15 отсто од клиентите нема да можат да си ги платат сметките“, вели Ингберт Либинг, директор на германската асоцијација на комунални претпријатија, во интервју за „Функе“.
Тој смета дека треба да се воведе мораториум за прогласување несолвентност на снабдувачите со енергија, додавајќи дека на компаниите ќе им биде потребна помош и наесен.
Владата треба да го намали ДДВ за гасот и струјата, предлага тој. Владејачките социјалдемократи веќе подготвија предлог за заштита на комуналните претпријатија од неликвидност доколку бидат принудени да купуваат гас по повисока цена, забележа Ројтерс, цитирајќи документ на СПД.