Петмина повредени во судир на три возила на скопската обиколница


Фото: Б. Грданоски

Вкупно пет лица се повредени во сообраќајна незгода што вечерва се случила на обиколницата „Мајка Тереза“ во Скопје, во правец кон Тетово.

Според информациите од МВР, незгодата била пријавена во СВР Скопје во 19:10 часот и се случила на обиколницата „Мајка Тереза” после клучка Радишани во правец кон Тетово, при што учествувале три возила: „опел“ со скопски регистарски ознаки, „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки и „ауди“ со косовски регистарски ознаки.

-Од незгодата со повреди се здобиле пет лица кои со возила на Итна медицинска помош се пренесени во здравствени установи за укажување помош – информираат од МВР. 

Поради незгодата, сообраќајот во правец кон Тетово се пренасочува кај клучката Радишани.

Сообраќајот во правец кон Тетово се пренасочува на клучка Радишани, а до МВР се преземаат мерки за утврдување на причините за сообраќајната незгода.