Персоналните асистенти и лицата со попреченост се уште не добиле пари од владата, најавуваат протест
Коалицијата Менуваме ја извести јавноста дека Владата се уште не им ги исплатила надоместоците за јуни и јули на лицата со попреченост кои се корисници на компензирано право, персоналните асистенти, негователите и други засегнати страни. Ако тоа не се случи деновиве, тие најавија реакција Коалицијата Менуваме и Црвениот крст ќе излезат на протест пред владата.
-Во месеците јули, август и септември на стотици корисници на персонална асистенција, т.е. нега во домот и надвор од домот, не им се исплатени надоместоците за месец јуни и јули во Скопје, Прилеп и Струмица, а за август не се исплатени надоместоци во ниту една општина во Македонија. Министерство за социјална политика демографија и млади на 23 септември писмено и со вербална комуникација го извести Црвен Крст дека исплатата за персоналните аистенти ќе биде извршена овој петок кон Црвен Крст. Доколку Министерство за социјална политика, демографија и млади не ја изврши исплатата за персоналните асистенти заедно со корисниците на конпензационото право од законот за социјална заштита член 76 и 146, персоналните асистенти, Коалицијата Менуваме, Црвен Крст и засегнатите страни во сабота излегуваат на протест пред Владата“, порачаа од Коалицијата Менуваме. Тие најавија исто така дека же се обратат до премиерот Христијан Мицкоски, до канцеларијата на ОН, ОБСЕ, ЕУ делегацијата и до други институции порачувајќи дека е време за почитување на човековите права.