Перонистите се вратија на власт во Аргентина


Во драматичен камбек, Кристина Фернандез де Киршнер, еден од најпопуларните претседатели на Аргентина за време на нејзините два мандата во 2007-2015 година, беше изгласана повторно на функцијата потпретседател.

Голема толпа приврзаници дојдоа пред штабот на партијата Френте де Тодос (Сечиј фронт) во населбата Чакарита во главниот град Буенос Аирес во 21 часот кога првичните официјални резултати му ја дадоа победата на централнолевичарскиот претседателски кандидат Алберто Фернандез и неговиот потпретседател Фернандез де Кирхнер.

Актуелниот претседател Маурисио Макри го призна поразот во неделата вечерта, им кажа на поддржувачите во неговиот штаб дека го повикал Фернандез да му честита и го покани на разговор за појадок во понеделникот во претседателската палата.

„Ни треба уредна транзиција што ќе донесе спокојство кај сите Аргентинци, затоа што најважна е благосостојбата на сите Аргентинци“, рече Макри.

Со преброени повеќе од 90 отсто од гласачките ливчиња, Фернандез, кој не е во врска со Фернандез де Киршнер, имаше 47,79 отсто од гласовите, наспроти 40,71 отсто на Макри.

Победата става крај на деловните економски политики на администрацијата на Макри, кој вети „нула сиромаштија“ за време на својата изборна кампања, но излегува од канцеларијата со паднатиот пезос, стапка на инфлација која се зголеми на годишно ниво од 56 отсто, а бројот на луѓе што живеат под границата на сиромаштијата се искачи од 29 на 35 отсто.

Новоизбраниот претседател Фернандез, кој ја презема должноста на 10 декември, е умерен перонист, кој вети дека ќе го почитува заемот од ММФ вреден 57 милијарди американски долари земен од Макри минатата година, за да се обиде и да ја спаси потклекнатата економија на Аргентина, истовремено ветувајќи подобрување на платите и придобивки за работниците и пензионерите.

Неговата победа се очекуваше, а сирените на автомобилите свиреа нонстоп во Буенос Аирес откако гласачките места беа затворени во 18 часот во неделата славејќи ја неговата победа.

Во едно тивко соседство, група работници за брза испорака со велосипеди – една од ретките можности за работа што им е достапна на младите луѓе за време на администрацијата на Макри – возеа низ улиците ѕвонејќи со нивните ѕвончиња и така славејќи го крајот на неговото владеење.

Изборите во Аргентина, кои традиционално се одржуваат последната недела во октомври, се совпаднаа оваа година со деветтата годишнина од смртта од ненадеен срцев удар на Нестор Киршнер, сопруг и претходник на канцеларијата на Фернандез де Киршнер. За време на неговата администрација во 2003-2007 година, Кирхнер го предводеше закрепнувањето на Аргентина од економскиот колапс и монументалните странски долгови во 2001-2002 година

Кристина Фернандез служеше како претседател од 2007 до 2015 година. До моментот кога ја напушти функцијата, таа беше заплеткана во низа судски предмети што вклучува обвиненија за мито, перење пари, корупција и обвиненија дека помогнала во прикривањето на Иран во терористички бомбашки напад, кој го истражуваше обвинител. Некои од случаите на корупција се во тек. Таа негира каков било криминал.

Споменот за периодот на одржлив економски раст во 2000-тите, за време на кој Фернандез беше шеф на кабинетот, одигра важна улога во изборната кампања.

Рефлектирајќи ја својата самодоверба за лесна победа, Фернандез, музикант кој ужива да се дружи со рок-sвезди, помина опуштено саботно попладне свирејќи гитара и пеејќи ги песните од 1960-тите и 70-тите години со аргентинските рок-песни со Густаво Сантоалала, аргентинскиот музичар кој освои два последователни „Оскари“ за „Кршенгрб планина“ и „Бабел“ во 2005-2006 година.

Во саботата Фернандез де Киршнер го посети мавзолејот на нејзиниот сопруг во патагонскиот град Рио Галегос, а во неделата на пладне таа беше пречекана од голема обожавачка толпа на гласачкото место. „Ова е толку важен ден за демократијата“, рече Фернандез де Киршнер пред новинарите по гласањето. (Гардијан)