Пензионер од гостиварско ограбил обложувалница


Се отвори битката за гласот на пензионерите (Фото: Б. Грданоски)

Пензионер од гостиварско украл пари од обложувалница. 

На 05.09.2022 во 13.00 часот во гостиварско Врапчиште, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 69-годишниот Ј.Б. од ова село, информираа од полицијата. 

Тој се сомнничи дека на 3-ти овој месец од спортска обложувалница во селото противправно одзел парични средства.

Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, по што против Ј.Б. ќе следува соодветен поднесок.