Пендиков порано не ги поднесувал Бугарите, а потоа се освестил и станал Бугарин

Охриѓанецот Христијан Пендиков, кој беше претепан во неговиот град, па пренесен во Бугарија на лекување, во интервју за бугарската телевизија бТВ раскажува како од Македонец наеднаш преку ноќ станал Бугарин. И како се одвивала тепачката пред ресторанот во Охрид.
Во интервјуто тој вели дека како тој самиот не ги поднесувал Бугарите кога бил помлад, но пред неколку години наеднаш се разбудил од заблудата и станал македонски Бугарин.
Тој раскажува како дошло до тепањето: „Бев во ресторан со моите пријателки. Дојдоа двајца-тројца и почнаа да ме напаѓаат дека сум Бугарин. Само со зборови. Потоа излегов од ресторанот, да му се јавам на Томе, претседателот на клубот, да му кажам што се случило. А потоа излезе Илија и ми го зеде телефонот. Ми рече – ‘Влези внатре и биди мирен за да нема проблеми’. Влегов внатре и видов дека не ме сакаат во ресторанот. Ја земав јакната и излегов надвор. Одев сам до паркингот да си ја земам колата и да си одам дома. И таму се случи сѐ“, рече Пендиков.
Според него, тепачката траела најмалку 10 минути и наведе дека имало тројца напаѓачи.
Пендиков зборуваше дека во македонија се учела „лажна историја во која Бугарите се фашисти, Татари. Откако ја прочитав светската историја, откако прочитав за ВМРО и што е историја, сфатив“, рече тој, наведувајќи дека „не научија таква приказна дека само Србите ни се браќа и сите други сакаа нешто лошо да и се случи на Македонија“.
Пендиков сега престојува во Софија со парична издрѓка на бугарските власти и стан доделен од бугарската држава. Има и полициска заштита. Тој наведе дека мајка му постојано добивала закани. „Ѝ пишуваат коментари дека ќе ја убијат, дека сме предавници, дека треба да се иселиме од Македонија, дека не сме за таму. Сонувам дека еден ден ќе можеме да се вратиме во Македонија, да можам безбедно да кажам дека сум Бугарин и дека никој ништо нема да ми направи – не само мене. На сите нас кои живееме во Македонија и сме македонски Бугари“, вели тој.