Пендаровски со предност од 3,7% пред Силјановска


Кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски води со 3,7 процентни поени разлика пред претседателскиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова, додека третиот претседателски кандидат- Блерим Река со стабилна поддршка од 11 отсто – покажува новата анкета по нарачка на Телма, изработена од Институтот за демократија Социетас Цивилис во Соработка со МЦМС.

За Стево Пендаровски се 27,2  процентни од испитаниците, за Гордана  Силјановска 23,5 , а за  Блерим Река 11 отсто од испитаниците.

Анкетата е спроведена телефонски  во период од 07.04 до 11.04.2019 на репрезентативен промерок  од 967 испитаници.