Пендаровски: Рекордно чекавме за НАТО, не би сакал и за ЕУ
„Очигледно Бугарија ја научи лекцијата од Грција од пред десетина години, која не блокираше на тогашниот НАТО самит во Букурешт. Нивниот резон беше дека ако сега не ги постават нивните услови, тогаш нема кога понатаму. Ако не ставеа на почетокот вето или блокада, тие се плашат дека нашата држава ќе напредува со текот на времето околу преговарачките поглавја и се потешко би им било да го стават ветото“, вели претседателот Стево Пендаровски за емисијата „Само интервју“.
Тој повтори дека не би сакале да станеме неславни рекордери во чекалницата на ЕУ за почеток на преговорите.
„Ние за жал бевме веќе рекордери во однос на НАТО. По 21 година, станавме формални членки и тука сме неславни рекордери. Овој народ и држава во изминатиот период многу се напатија и мораме тоа да го поправиме во иднина“, смета Пендаровски.