Пендаровски: Пародија е што Мицкоски се шокира од вести што сам ги продуцира


 

Зборувајќи пред жителите на Валандово, вечерва кандидатот за претседател Стево Пендаровски истакна дека на оваа држава ѝ требаат лидери кои размислуваат 30-40 години однапред, а не политичари чија единствена цел е да дојдат на власт и доживотно да останат во нивните фотелји.

,,Работејќи за подобра иднина на следните генерации, не мислејќи на нашиот рејтинг, ја внесовме земјата во НАТО”, рече Пендаровски.

Одговарајќи на прашањата на граѓаните, а во однос на секојдневните обвинувања од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека им се заканувал на граѓаните, Пендаровски рече дека пародија е фактот што Мицкоски се шокира од вести кои самиот ги продуцира.

,,Во 2020-тата година во извештај на Европскиот парламент, во извештај на Комитетот за надворешни работи, Мицкоски е именуван како личност којшто продуцира лажни вести и дезинформации. Не верувајте му ништо”, додаде Пендаровски.

Пендаровски исто така реплицираше на прашањето од Мицкоски дали ќе го бојкотира вториот круг ако изгуби со шест цифри во првиот криг.

„Немам причина да го бојкотирам вториот круг зашто ќе ги добијам изборите“, порача  Пендаровски, во рамки на изборниот карван во Дојран и Богданци.