Пендаровски ја повлече војската од границата


Армијата повеќе нема да ги запира мигрантите на северната и јужната граница, бидејќи истече рокот на кризната состојба, а во меѓувреме таа не беше продолжена од Собранието.

„Имајќи предвид дека кризната состојба прогласена на јужната и северната граница, а поврзана со мигрантската криза, заврши синоќа на полноќ, а Собранието не донесе одлука за нејзино продолжување, престана да постои правниот основ за досегашниот ангажман на Армијата во обезбедувањето на државната граница“, се вели во соопштение од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.

Од кабинетот на врховниот командант на вооружените сили информираат дека на началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, му е издадена наредба да постапи согласно новонастанатата ситуација.

„Армијата останува ангажирана на предвидените задачи поврзани со другата прогласена кризна состојба на целата територија на државата поради пандемијата предизвикана од Ковид-19“, се додава во соопштението.