Пендаровски и Радев разговараа за бугарската блокада
Претседателите на Македонија и Бугарија, Стево Пендаровски и Румен Радев, денеска во телефонски разговор зборуваа за позициите на двете држави во однос на условите за започнување преговори на Македонија за членство во Европската Унија.
Двајцата претседатели разговараа за можноста да се постигне одржливо решение за европскиот развој на нашиот регион и, особено, за интеграцијата на Македонија во Европската унија, соопшти кабинетот на Пендаровски.
Шефовите на државите разговараа за можноста за остварување на посета на претседателот Пендаровски на Бугарија кога ќе се создадат соодветни услови.