Пејачката Блек Чајна оставила мистериозна порака,а потоа пронајдена мртва

БлекЧајна, раперка која ја започна својата кариера како модел, е пронајдена мртва, а веста за смртта на раперката, која се прослави со синглот „Селфи“ и соработката со АСАП Роки, ја откри нејзиниот менаџер на социјалните медиуми.

Причината за смртта не е откриена.

Американските медиуми објавија дека пејачката и поранешна манекенка „најверојатно се предозирала“. Чајна овој „забранет свет“го открила рано, непосредно откако започнала со модата, на 14 години.

Со помош на семејството и пријателите, таа успеа да се излечи од зависност и во последните години се сметаше за „нова хип-хoп ѕвезда на Америка“.

Фановите вознемирено го споделија нејзиниот последен пост на Инстаграм, на кој таа „почувствувала смрт“.

„Има премногу песни за живеење, ми треба музика да умрам“, напишала Чајна покрај видеата од нејзините песни.