(Видео) Печен компир по рецептот на Џејми Оливер: Одлични трикови за да ја направите кората крцкава


Наједноставниот рецепт на Џејми Оливер за прекрасен печен компир.

Познатиот готвач Џејми Оливер на својот канал на Јутјуб го сподели рецептот за најдобриот печен компир. Многу едноставно се прави, а потребни ви се компири и свежи зачини по избор. Можете да печете на маст, путер или маслиново масло, во зависност од тоа каква кора сакате, а зачините задолжително додајте ги на сред печење, бидејќи така нема да поцрнат и компирот ќе има подобар вкус.

Состојки:

– компир
– свеж рузмарин
– маслиново масло
– лук
– оцет

Подготовка:

Целите излупени компири ставете ги во врела вода и оставете 10 минути. Процедете го, па малку протресете ја цедалката. Намачкајте го плехот со маслиново масло или путер. Маслиновото масло ќе помогне кората да стане златна и крцкава, а путерот ќе ја направи малку погуста и послатка, но исто толку крцкава. Кога ќе ја подмачкате тавата со масло, истурете ги компирите и добро зачинете. Се пече на 190°C околу половина час. Се вади од рерна, се додаваат зачините и лукот, па се враќа да се пече уште 25-30 минути.