Патот за Галичник сѐ уште не е исчистен од снегот
Тројцата жители на Галичник веќе три недели се отсечени од светот. Патот за Галичник сè уште е непрооден, а снегот не е исчистен. Станува збор за регионален пат кој според законските норми мора да биде постојано прооден, велат од Месната заедница Галичник.
Минатата недела екипа на Македонија пат се обиде да го исчисти патот кон Галичник, но безуспешно.Проблемот со електричната енергија и уличното осветлување во меѓувреме е решен.
Во Галичник има 230 куќи, а дел од нивните сопственици за новогодишните празници планираат да ги поминат таму.
„Потсетуваме дека покрај патот поминува и стратешки 110 киловолтен далновод Шпиље – Вруток чиј евентуален дефект ќе предизвика прекин во снабдувањето со струја на пола територија од западна Македонија“, велат од месната заедница.