Патот до ЕУ (т.е Бугарија) како и преговорите – полн со дупки и нерамнини


Од Бугарија во секоја прилика нагласуваат дека патот на Македонија до Европската унија води преку нивната држава. Како пак изгледа тој пат  може да се види од фотографииве направени при посетата на Софија од кои може да се види дека за жал е исполнет со многу нерамнини и е бавен како и преговорите на Македонија со Бугарија. Иако од 2019 година се најавува силна градежна офанзива на овој правец, на терен работите не изгледаат така – и на тие делови на коишто се работи не се гледа голем напредок во однос на изминатите месеци, така што патувањето до Софија трае пет часови.