Патник на „Дурмо турс“ шверцувал антиген тестови за Ковид 19


 При контрола на автобус пријавен за влез на граничниот премин Табановце, царинските инспектори од Одделението за оперативни работи привремено задржаа 1.000 парчиња антиген тестови за Ковид 19, соопшти денеска Царинската управа.

Оттаму информираат дека на ГП Табановце вчера во 13 часот за влез се пријавил автобус со македонски регистарски таблички на превозникот „Дурмо турс“ од Гостивар, управувано од лицето С.М од Гостивар, кој сообраќа на редовна линија Германија- Струга. При извршена детална контрола, во багажниот простор биле пронајдени непријавени три пакети од патникот Б.С од Гостивар, во кои се наоѓале 1.000 парчиња антиген тестови за Ковид 19 со вкупна вредност од околу 50.000 денари.

Стокaта е привремено одземенa со потврдa за привремено одземени предмети, а против пријавеното лице ќе биде поднесено барање за поведување на прекршочна постапка до Одделението за прекршочна постапка при Царинска управа.