Патничко возило излета од патот кај Хиподром кон обиколницата, сообраќајот во прекин


 Патничко моторно возило „хонда џип” со скопски регистарски ознаки изутрината излетало од патот на клучката Хиподром кон обиколницата, информират за МИА од Министерството за внатрешни работи.

Полициски службеници од СВР Скопје се излезени на лице место.

Едно лице е тешко повредено, а две се здобиле со телесни повреди.

Од Министерството за внатрешни работи за МИА информираа дека изутрина во 04.30 часот на автопатот Велес – Скопје, кај клучка Хиподром, патничко возило „хонда“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.И.(65) од Скопје, се превртело на коловозот. Во незгодата М.И. се здобил со тешки телесни повреди, а малолетна сопатничка и Н.И.(52) се здобиле со телесни повреди, констатирани во Компекс клиники „Мајка Тереза“.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.

АМСМ во вонреден извештај изутрината во 05.35 часот  информираше дека патниот правец Велес – Скопје по обиколницата кај Хиподром е блокиран поради сообраќајна незгода.