Парк од 2.000 м2 на местото Триангла во Гази Баба


 

Почна изградбата на нов голем мултифукнционален парк во населеното место Триангла.

– Денес означуваме почеток на изградбата на првиот голем мултифункционален парк на територија на општина Гази Баба.
Паркот се гради помеѓу пешачката патека и општинското основно училиште „Наум Нумовски Борче“ на површина од 2.000 метри квадратни“, објави градоначалникот Бобан Стефковски.

Во рамки на паркот ќе има повеќе содржини, комплетно хортикултурно уредување, ќе се изградат патеки со павер елементи, ќе се постави ново улично осветлување, летниковец и повеќефункционална фонтана.
Ќе се постават и повеќе реквизити за детска забава, додека на другиот крај од паркот ќе се изгради и парк за миленичиња.

– Со изградбата на мултифункционалниот парк ќе се изврши урбанизација на овој простор на кој во минатото често се депонираше отпад. Овој мултифункционален парк за жителите на Триангла, Маџари и цела општина Гази Баба ќе преставува нов уреден простор за одмор и рекреација – додаде Стефковски.

Изградбата на вакви мултифункционални паркови ќе продолжи и во други населени места, најавува Стефковски.