Париз 2024: Бајлс е горда на своите перформанси откако се врати во спортот

Симон Бајлс мислеше дека нејзината кариера во гимнастиката е завршена откако се повлече од Олимписките игри во Токио поради проблеми со менталното здравје, но сега е горда на нејзиното враќање во спортот, што и донесе втор златен медал на Игрите во Париз по титулата во повеќебој.
По повлекувањето од Токио, кое предизвика реакции ширум светот, таа паузираше две години од спортот за да се фокусира на себе. Откако се врати на олимписката сцена, Американката доминираше, водејќи го тимот на САД до врвот на екипната конкуренција во вторникот и го освои своето шесто злато во кариерата синоќа.
Olympics: As if these two couldn’t get any more ICONIC! 💫 🤸♀️ 🔁
Simone 2016🥇 & 2024🥇
Suni Lee 2020🥇 & 2024🥉#Olympics #Paris2024 pic.twitter.com/XnWROQjtjS— Paris 2024 Olympics (English) (@OlympicsParis) August 1, 2024
-Пред три години не мислев дека никогаш повеќе ќе стапнам на гимнастички под поради се што се случи. Но, со помош на тренерите Сесил и Лорен Ланди, се вратив во теретана и работев многу напорно ментално и физички. Едноставно горда сум на себе што вложив многу работа и никогаш не се откажав, изјави Бајлс.
Американката му се заблагодари на својот терапевт, со кој рече дека разговарала во четвртокот наутро, и кој и помогнал да остане смирена и фокусирана дури и под силен притисок.
-Се грижам дека сум ментално добро и тоа се покажува на натпреварите, рече гимнастичарката.
Deux minutes de pur bonheur : revivez le passage au sol de Simone Biles en finale du concours général de gymnastique ✨
Suivez les Jeux de #Paris2024 sur Eurosport avec Max, Canal + et nos partenaires de distribution pic.twitter.com/OwYgBPMoAb
— Eurosport France (@Eurosport_FR) August 1, 2024
Таа ги победи своите конкуренти во повеќебој со силни перформанси на греда и под.
Иако Бајлс е најодликуваната гимнастичарка на сите времиња и една од најголемите спортистки, таа сè уште се гледа себеси како девојка која потекнува од скромно семејство.
„На крајот на краиштата, лудо е да се зборува за мене како најдобар спортист. Сè уште мислам дека сум Симон Бајлс од Спринг, Тексас, која сака да скока и да прави пируети, заклучи Американката.