Парична награда од 30.000 денари за пиротехничарите кои ги отстранија гранатите кај стадионот во Битола


Илустрација

На предлог на претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев, Владата денеска донесе одлука со еднократна парична награда во висина од 30.000 денари да бидат наградени 7 пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување.

Наградата е поради нивниот ангажман во пронаоѓањето, отстранувањето и уништувањето на преку 7.000 парчиња, или 52 тона гранати кои беа пронајдени на 27 октомври во близина на Градскиот стадион во Битола.