Парадата за Денот на победата во Русија пред празен плоштад?
Русија размислува за одржување на својата годишна парада за Денот на победата пред празни трибини во мај, бидејќи коронавирусот продолжува да се шири низ целиот свет, објави во вторникот веб-страницата за вести Опен Медија.
Прославите за Денот на победата во Москва вклучуваат огромна воена парада на Црвениот плоштад, но коронавирусот ги затвори речиси сите големи настани и во Русија и во целиот свет. Годинава се одбележува 75-годишнината од советската победа над нацистичка Германија во Втората светска војна.