Пандемијата ги „затвори“ градежниците дома – лани пад од 42,7 отсто на извршената работа во странство


Фото: Б. Грданоски

Во периодот јануари‒декември 2020 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 211,9 милиони денари, што е за 31,1 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според податоците на ДЗС, во текот на 2020-та градежната оператива од државава во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 162,7 милиони денари, што е за 42,7 проценти помалку во споредба со истиот период од 2019-та  година.

Во Германија се извршени градежни работи во вредност од над 90 милиони денари, во Црна Гора од приближно 30 милиони денари, во Босна и Херцеговина од близу 20 милиони денари, а во вредност од 10 милиони денари во Косово.