Пак се пукало на метро-станицата „Клемансо“ во Брисел – еден ранет


Едно лице е повредено минатата ноќ при вооружен инцидент во бриселската населба Андерлехт во близина на метро станицата „Клемансо“, соопшти денеска Јавното обвинителство на Брисел. 

– Околу 3.35 часот полицијата добила пријава за истрели од огнено оружје во Андерлехт, во близина на метро станицата „Клемансо“. Едно лице било застрелано во ногата пред и е пренесено во болница. Неговиот живот беше во опасност, но неговата здравствена состојба во меѓувреме се стабилизира, информира портпаролката на Јавното обвинителство, Вилемјен Берт. 

Таа соопшти дека полицијата се уште трага по осомничените напаѓачи. 

– На местото на настанот се пронајдени неколку чаури. Осомничените побегнале, но активно се трага по нив, додаде портпаролката. 

Ова е втор инциденти во реонот на „Клеменсо“ по оној од вчера изутрина, кога две лица со качулки вооружени со „Калашникови“ отворија оган од автоматското оружје, по што побегнаа преку метро станицата низ тунелите на подземната железница.  

Според Берт, со оглед „на локациите на кои се случиле“, овие две престрелки, како и уште една регистрирана во населбата Сен Жос, „секако се поврзани со трговија со дрога“. 

Таа додаде дека истрагата продолжува со цел да се разјаснат точните околности на денешниот инцидент и да се утврди дали е поврзан со вчерашното пукање кај „Клемансо“.