Пахлави ги повика Трамп и Нетанјаху да ја поштедат цивилната инфраструктура во Иран
Реза Пахлави, синот на последниот ирански шах, го повика американскиот претседател Доналд Трамп да се избегнуваат напади врз цивилна инфраструктура на Иран, доколку ескалира конфликтот со Иран по упатениот ултиматум на САД во врска Ормускиот теснец.
Во објава на социјалната мрежа „Икс“ Пахлави го повика Трамп да го преиспита својот пристап, наведувајќи дека иранските власти треба да бидат соборени, но оти државата мора да биде заштитена.
„Иран треба да биде заштитен. Режимот треба да биде соборен“, напиша тој додавајќи дека „Иран не е Исламската Република“.
Во саботата Трамп се закани дека ќе ги „уништи“ иранските електроцентрали доколку Ормускиот теснец во рок од 48 часа не биде повторно отворен за поморска пловидба.
Техеран возврати дека целосно ќе го затвори теснецот кој е од клучно значење за глобалното снабдување со нафта, и дека ќе го отвори откако оштетената инфраструктура ќе биде обновена.
„Побарав од претседателот Трамп и од израелскиот премиер Нетанјаху да продолжат со нападите врз режимот и неговиот репресивен апарат, но истовремено да ја поштедат цивилната инфраструктура, што ќе им биде неопходна на Иранците за обновата на земјата“, додава Пахлави.