Пациент со корона со боца за кислород го убил цимерот во болничка соба во Калифорија
Маж кој боледувал од корона вирус, минатата недела, со боца за кислород го убил пациентот во својата болничка соба во Калифорнија, а сега е обвинет за убиство и злосторство од омраза, пренесе Бо-би-си
Хозе Мартинез (37) го убил 82-годишниот маж со кој ја делел собата откако тој почнал да се моли, објави полицијата во Лос Анџелес.
Мартинез тогаш посегнал по боцата со кислород и го удрил старецот, кој починал другиот ден.
ДВајцата се лекувале од Ковид-19 во градот Ланкастер на југот на Калифорнија.
„Осомничениот се вознемирил кога жртвата почнала да се моли“, објави полицијата, додавајќи дека Мартинез, освен за убиство, обвинет е за злосторство од омраза и злоставување стари.