Овој сектор од воената индустрија експлодираше: Инвестирани се дури 5,2 милијарди долари, повеќе отколку во ВИ


Инвестициите во стартапи со вештачка интелигенција беа главно непроменети во текот на изминатите две години. Но, средствата инвестирани во одбраната и безбедноста забележаа значителен раст.

Фондот за иновации на НАТО ги објави бројките кои сугерираат дека инвестициите во европските стартапи кои работат на одбранбени и безбедносни технологии се зголемени за 24 отсто, на 5,2 милијарди долари во изминатата година. Според тоа, тие ги надминаа инвестициите во вештачката интелигенција, пишува Фајненшл тајмс.

За две години, инвестициите во малите компании кои се занимаваат со одбранбени технологии се зголемија за 30 проценти. Инвеститорите се особено заинтересирани за оние кои развиваат одбранбен софтвер и дронови, како што е Хелсинг, кој работи на вештачка интелигенција за воени цели. Само фондот на НАТО собра милијарда евра за поддршка на стартапи за одбрана и длабока технологија.

Парите главно доаѓаат од фондовите за ризичен капитал, но тоа е намалено за 45 отсто во изминатите две години, според партнерот на Фондот на НАТО, Кели Чен. И покрај ова, средствата за безбедносниот и одбранбениот сектор се зголемија минатата година.