Овој филм може да биде најнеочекуваниот кандидат за Оскар: Трае три и пол часа, режисерот сам го финансирал


Њујоршкиот круг на филмски критичари го прогласи за најдобар филм на годината, беше вклучен во топ листите на најдобри остварувања за 2024 година, беше споредуван и со култниот „Кум“, меѓутоа, пред претставувањето на „Бруталист“ во Венеција, ретко кој очекуваше дека ќе биде некој од кандидатите за Оскар.

Претходно оваа година, кога почнаа разговорите за „Бруталист“, голем дел од дискусијата се вртеше околу неверојатната низа на бројки. Посебно е интересно што за неговиот трет филм, на Брејди Корбет му беа потребни седум години да го финансира и самостојно да го продуцира трииполчасовниот еп, кој е заснован на оригинално сценарио – за само 10 милиони долари.

Сето ова го натера магазинот „Слејт“ да го прогласи за најнеочекуван кандидат за Оскар и дека цел Холивуд се обидува да открие како го направил тоа.

Неговото достигнување се чинеше уште поуникатно во светлината на неговата јасно некомерцијална приказна, која го следи повоениот унгарски архитект (Адриен Броди) додека се занимава со  американски покровител кој премногу бара (Гај Пирс) и се движи кон својот комплициран однос со неговата подеднакво извонредна сопруга (Фелисити Џонс).

Самиот филм, кој се појави како сериозен кандидат за Оскар, е и емотивно привлечен и изненадувачки достапен. Повеќе од кој било филм во долго време, „Бруталист“ се чини дека ги проширува можностите на независен филм.

Филмот беше претставен на филмскиот фестивал во Венеција во септември, а беше награден со 13-минутни овации.

Во режија на Брејди Корбет, филмот го истражува животот на Ласло Тот (Адриен Броди), еврејски архитект со унгарско потекло кој го преживеал холокаустот и по емигрирањето во САД со неговата сопруга (Фелисити Џонс) го запознава мистериозниот Харисон Ли Ван Бурен (Гај Пирс).

По првото прикажување на филмот, критичарите не можеа да најдат доволно суперлативи за филмот, кој доби едногласни пофалби и беше спореден со некои од најпочитуваните холивудски филмови на сите времиња.

Новинарот Диего Андалуз рече дека филмот е на исто ниво со „Кум“ на Френсис Форд Копола, „Беше еднаш во Америка“ на Серџо Леоне и „Ќе има крв“ на Пол Томас Андерсон, нарекувајќи го „визионерски еп што ја дефинира американската ера“.