Се бараше место повеќе на Моден викенд Скопје: Маратон на идеи и ревии на млади дизајнери

Вториот ден, синоќа, беше потврда дека настанот е културен полигон каде што модата не е само да се покаже, туку за неа се зборува


Моден викенд Скопје со својот континуитет и квалитет продолжува да биде настан кој зближува, обединува, ја слави домашната и регионална мода, ги спојува луѓето, ги слави трендовите и традициите, го истакнува стилот на поединците и не го поставува прашањето дали Македонија сака и ја почитува модата? Според стилскиот израз на гостите од сите сфери на живеење и дипломати, поддршката од спонзорите и институциите, и масовноста на посетите, одговорот е големо ДА!

Ако првиот ден, во петокот вечерта, започна со изложба што го слави заедништвото преку уметност, со студентски ревии што се похрабри од било кој тренд и со регионални дизајнери што носат визија, не само облека, синоќа, вториот ден беше потврда дека настанот е културен полигон каде што модата не е само да се покаже, туку за неа се зборува.

Под отвореното мото „Community”, вториот ден започна со Public Talk Marathon – четири инспиративни сесии што ја отворија сцената за најважните прашања на денешната модна индустрија.

“Just Fashion” донесе разговор за трансформацијата на модната индустрија кон циркуларни и социјално инклузивни модели, со визионерските ставови на Даниела Милошеска (Bastet Noir) и Александра Филипова (BlackBello). Модата тука не беше шоу – туку платформа за промена.

Поддржано од Green Land Group, сесијата “Wear the Change” беше отворен разговор за етичката мода и иднината на одржливите практики, каде што свои приказни споделија Гордана Родиќ-Китановска, Jackie Dejean, Олгица Треневска (Центар за интеграција и подршка SIEC) и Ангела Бикова (Upcycled by Bikova).

Дискусијата за проектот MISSION4WATER, водена од Наташа Сивевска – извршна директорка на Текстилното трговско здружение – Текстилен кластер и модната дизајнерка Ирина Тошева, го обедини модниот сектор и екологијата, покажувајќи дека иднината на модата е нераскинливо поврзана со одговорноста кон животната средина.

А во сесијата “Ties that Bind: BiH & MK Dimensions of Fashion”, поддржана од UNESCO и Европската Унија преку програмата CC4WBs, се зборуваше за модата како идентитет, меморија и отпор, со учество на Сара Стојчевска, Дамјан Ристовски и Емилија Славкова.

Пред да започнат модните ревии, публиката на Fashion Weekend Skopje имаше можност да ужива во еден несекојдневен освежителен момент – фузија на креативност и став, инспирирана од живоста на новиот Schweppes Pink Grapefruit.

Во сценски перформанс осмислен како спој на храброст и убавина, уметникот Бојан Ковски ја донесе својата мајсторија во бодипејнтингот, претворајќи ја бојата, текстурата и динамиката на Schweppes Pink Grapefruit во моќен визуелен израз. Креацијата, во која главната ѕвезда беше пејачката и модна икона Викторија Лоба, ја долови шумливата енергија на брендот преку боја, движење и естетика.

Делот со младите дизајнери беше еден од најемотивните моменти на викендот. Три дизајнерки од International Fashion Institute Izet Curi – Блендина Катона, Ерона Фејзулаху и Дријона Кадриу – ги претставија своите дебитантски колекции.

На пистата видовме визии на млади дизајнери што не се водат по трендови – туку по храброст и став.

Сцената ја збогатија и дизајнерите кои веќе создаваат со свој јазик: CRIUS со колекцијата „SIDEWALK SAINTS“ во соработка со Faceless, прикажа урбана романса, вешто спојувајќи ја елеганцијата со динамичниот уличен ритам. Духот на младоста, слобода и стил беа испреплетени на пистата.

Anastasija Atanasovska – A2 Atelier со колекцијата „Veil & Reveal“ ја славеше комплексноста на женското битие, претставувајќи ја нежноста и силата како две неделиви страни на истата приказна.

Вечерта беше затворена со модно-музички перформанс на KALI ROSE, која преку „Silent Chains“ покажа дека модата може да биде патување кон внатрешната слобода, ослободување од невидливите окови и градење на самопочитта.

Фото: Моден викенд Скопје

Повеќе информации и целата програма ќе ја најдете на: https://fashionweekendskopje.mk/wp-content/uploads/2025/03/Programme-FWSK30-powered-by-UNIBank-MK.pdf