Овие победнички на Евросонг ќе пеат во Малме – ќе можете и вие да им се придружите


Малме – Второто полуфинале на 68. Избор за песна на Евровизија, во четврток, од 21 часот, ќе им понуди на гледачите дома единствена шанса да бидат дел од шоуто.

За време на „Најголемото пеење на светот“, за време на паузата, ќе имаме неколку евровизиски икони кои ќе излезат на сцената за да ги изведат некои од најпознатите хитови на натпреварот низ годините. И публиката дома е поканета да учествува, соопшти ЕБУ. 

Придружете се од дома додека Хелена Папаризу ја пее нејзината победничка песна за Грција во 2005 година (My Number One), Сертаб Еренер ја изведува единствената песна која и донесе победа на Турција во 2003 година (Everyway That I Can), а Шарлот Перели ја донесе четвртата победа на Шведска на Евровизија од 1999 година ( Take Me To Your Heaven).

Малме 2024 ја поканува публиката во арената и гледачите дома да пеат заедно со овие шампионски мелодии. Второто полуфинале ќе има екстра посебен елемент каде што секој во светот ќе може да се придружи на забавата и несериозноста од софата и да се појави на големите екрани во Арената за време на преносот.

Секој може да се пријави за да биде дел од најголемиот sing-along во светот; се што ви треба е уред со камера и интернет конекција. Можете да се регистрирате за да се вклучите во целата акција токму овде.

Големото финале е в сабота, од 21 часот, а победникот ќе се избира меѓу 37 песни од жири и од публика.