Ова се најголемите компании за нафта и гас во светот (инфографика)
Пандемијата ја потресе индустријата за нафта и гас. Глобалната потрошувачка на примарна енергија опадна за 4,5 отсто во споредба со 2019 година, а побарувачката за нафта падна за 9 отсто. За краткиот период во март 2020 година, цената на фјучерсите на нафтата West Texas Intermediate (WTI) падна под нулата, што претставува најголем еднодневен пад на цената од 1983 година.
Некои очекуваа дека падот на побарувачката ќе има трајно влијание врз индустријата, но може да се каже дека 2021 година го покажа спротивното. Светот се соочува со недостиг на енергија, а зимата допрва доаѓа.
Ограничувањата во снабдувањето на производителите предизвикани од пандемијата, заедно со зголемената побарувачка за енергија од економиите кои закрепнуваат, ги принудија државите да се борат за нафтените деривати. Како резултат на тоа, цените на нафтата се враќаат на нивоата пред пандемијата.
Фјучерсите на нафтата WTI се на највисоко ниво во последните пет години со над 80 долари за барел. Понатаму, цените на природниот гас во САД достигнаа највисоко ниво во последните 7 години од 6,5 долари претходно овој месец.
Користејќи ги податоците од CompaniesMarketCap.com, инфографикот ги рангира 20-те најголеми нафтени и гасни компании по пазарна капитализација заклучно со 7 октомври 2021 година.
