Ова се цените на струјата во земјите од регионот и во ЕУ, каде е Македонија
Црногорскиот портал Банкар, објави табела на цените на струјата по киловат час во земјите од регионот и во ЕУ.
Како што пишува порталот, повикувајќи се на Управата за статистика Монстат, цената на струјата за домаќинствата во Црна Гора во првата половина од годинава изнесува во просек 9,7 евроценти за киловат час за опсегот на годишна потрошувачка од 5.000 до 15.000 kWh, .
Според податоците на ЕУРОСТАТ објавени на сајтот на МОНСТАТ, најскапи киловати во регионот платиле граѓаните на Црна Гора.
Граѓаните на Албанија плаќаат 9,4 евроценти/KWh, Северна Македонија 9,3, Босна и Херцеговина 8,3, а Србија осум евроценти/KWh.
Цените на киловатите се искажани со сите такси и со ДДВ.