Ова е тест од алах напиша на Фејсбук газдата на Беса Транс, Беким Хаџиу
Со порака на Фејсбук газдата на „Беса Транс“, Беким Хаџиу, се прости од загинатите и им изрази сочувство на нивните семејства. Во трагичната несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија живи изгореа 45-мина граѓани кои патуваа од Истанбул за Македонија.
„Алах да им даде рај на починатите, а на повредените што поскоро закрепнување. Овие зборови ги кажувам со жалење и со повредено срце. Тие беа исто така наше семејство, бидејќи секогаш кога патувавме и патниците ги сметавме за фамилија. Четири дена бевме заедно во Истанбул и забележав дека повеќето и порано доаѓале со нас на тури со нашите автобуси за Истанбул. Овие тестови се од Алах и верувам дека се прифатени од секој верник, неговата волја не може да биде променета ни за минута и бараме од Алах никого да не тестира“, напиша Хаџиу на Фејсбук.
Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески рече дека Обвинителството ги прибира потребните документации, а потоа ќе биде донесена соодветна одлука.
– Веднаш по сообраќајната несреќа документацијата од компанијата „Беса Транс“ е одземена. Ве уверувам за кое било лице доколку има основ, Обвинителството ќе отвори постапка – изјави Јовески, информирајќи дека е отворен предмет за „Беса Транс“.