Ова е првиот град што е целосно покриен со 5G мрежата

Јужниот кинески град Шенжен е првиот град што е целосно опфатен со независно вмрежување 5G, изјави во понеделникот градоначалникот на тој град Чен Жугуи.

Чен на прес-конференцијата изјавил дека градот ја завршил поставената цел од 2019 година до крајот на август 2020 година да изгради 45,000 5G базни станици со цел целосно да се обезбеди воспоставување на градската мрежа 5G, пренесува CRI.

Следниот чекор е да се поттикне развојот на индустријата 5G со постигнување на успех во 5G технологии и градење сеопфатен екосистем 5G.

Овој технолошки центар на југот на кинеската провинција Гуангдонг е дом на импресивна група кинески стартапи и технолошки гиганти, вклучително и Huawei и Tensent.