Ова е мајсторијата на Гарначо со која ја доби наградата за најубав гол во сезоната
Во Доха се одржа деветото издание на The Best FIFA Football Awards, а Винисиус Јуниор ја освои премиерната победа и титулата најдобар играч во светот. Наградата ја имаше својата премиера во јануари 2017 година, кога Кристијано Роналдо ја доби наградата за најдобар играч во светот.
Доделени се и награди за бројни категории, а една од нив беше и за најубав гол во сезоната. Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Алехандро Гарначо ја доби наградата наречена Пушкаш. Аргентинецот постигна спектакуларен гол со ножички против Евертон во меч од Премиер лигата во ноември 2023 година, а Јунајтед го доби тој натпревар со 3:0. Со тој гол потсети на ножичките на Вејн Руни кој во 2011 година постигна сличен гол против Манчестер Сити.
„Многу сум горд на победата. Им благодарам на сите што гласаа за мене. Ја посветувам на целото мое семејство. Ќе работам да доживеам што повеќе вакви моменти. Ви благодариме за поддршката“, рече Гарначо во видео на доделувањето на наградите.