Отворено 15-тото издание на ЕХО Фестивалот на планински филм


Со проекција на филмот „Виорник од работ“ на режисерот Игор Вртачник од Словенија, синоќа во салата на Домот на АРМ во Скопје започна 15-тото издание на Фестивалот на планински филм Ехо. 

Програмата во следните денови продолжува во Кинотека. 

Денеска после 18 часот Националниот парк Шар Планина, најмладиот национален парк во нашата држава, ќе ги презентира нивните активности и предизвици, а Македонското еколошко друштво ќе изврши презентација на тема  „Пожари: што пред и после нив?“. Веднаш потоа следи проекцијата на филмот „Рај“ на Александар Абатуров од Франција, кој ја освои наградата за најдобра кинематографија на ИДФА.