Отворен повик за учество во програмата BFC SEE наменет за градови и општини од Југоисточна Европа


Заедницата на единиците на локални самоуправи (ЗЕЛС) соопшти дека е отворен Јавен повик за BFC SEE 2023 наменет за градовите и општините од Југоисточна Европа да учествуваат во Програмата за сертификација според најновата Четврта едиција на меѓународниот BFC SEE стандард

-Локалните самоуправи од целиот регион од денес имаат можност да се пријават за учество во Програмата за сертификација на градови и општини со поволно деловно опкружување во Југоисточна Европа (BFC SEE) и со тоа системски да ги унапредат условите за привлекување инвестиции и побрз развој на постоечкото стопанство…Повикот за учество е наменет за лидерите на економски развој во регионот на Југоисточна Европа – градови и општини кои се стратешки определени континуирано да го унапредуваат својот деловен амбиент и со тоа да создадат подобри услови за привлекување нови инвестиции и забрзан развој на постоечкото стопанство, информира ЗЕЛС.

Дел од основните предности на BFC SEE програмата наменети за сите кои успешно ќе го завршат процесот на сертификација според најновата едиција сеимиџ на модерна и агилна локална администрација на услуга на граѓаните и деловната заедницапозиционирање на мапата на најповолни инвестициски дестинации во Југоисточна Европа, препознатливост меѓу носителите на одлуки во државата, стопанството и меѓународната заедница, членство во BFC-клубот на лидери на локалниот развојможност за учество во развојни проектистудиски посети и регионални иницијативикако и размена на знаења со најуспешните градови и општини

Бројот на учесници во текот на 2023 година е ограничен на првите 50 градови и општини од регионот на ЈИЕ кои ќе поднесат пријава за учество во BFC SEE програмата

Душица Перишиќ, извршна директорка на ЗЕЛС, вели дека BFC SEE-програмата помага давајќи јасни насоки за зачувување на вработеноста и отворање работни места преку јакнење на партнерствата со локалните бизниси.

-Критериумите ги следат развојните и просторни планови, и помагаат да се унапреди организацискиот капацитет, ефикасноста и нивото на дигитализација на општинските услуги. Стандардот рангира и конкуретност во смисла на локалните давачки и особено ја вреднува поддршката на претприемништвото, иновациите и зелената економија, изјави Перишиќ.

Процесот на сертификација е во времетраење од 12 месеци и започнува со обука на тим на локалната самоуправа кој е задолжен за исполнување на поставените критериуми. Следува процес на евалуација, во кој се оценува моменталната состојба во градот или општината, по што се доставува извештај до раководството со конкретни препораки за унапредување што е потребно да се применат во зададен период. На крај од процесот, независна верификациска комисија проценува дали локалната самоуправа ги исполнува условите за BFC SEE-сертификат.

BFC SEE-програмата се спроведува од 2012 година и досега повеќе од 100 градови и општини поминале низ процесот на сертификација, а во моментов 45 локални самоуправи се носители на сертификат кој претставува печат за квалитет на нивното деловно опкружување. 

Досега BFC SEE сертификат добиле Град Скопје, Велес, Струмица, Штип, Илинден, Гази Баба и Богданци и тие,  вели Перишиќ, се меѓу најуспешните локални самоуправи кога станува збор за привлекување инвестиции и развој на локалното стопанство. 

За учество во Програмата, заинтересираните единици на локална самоупрва може да достават пријава преку веб-страницата www.bfc-see.org или да се обратат до ЗЕЛС како надлежен Технички секретаријат за спроведување на BFC SEE Програмата во Северна Македонија. 

ЗЕЛС соопшти дека за дополнителни информации за програмата ќе биде организирана и инфосесија „Како да се достигнат стандардите за меѓународна BFC SEE сертификација“.