Отворен повик до сите дизајнери и визуелни уметници
Лабораториум“ и „Лаб дизајн маркет“ објавуваат отворен повик до сите дизајнери и изработувачи на производи, како и визуелни уметници кои живеат или работат во Скопје или како инспирација и тематика во својата работа го имаат градот Скопје.
Од 23 јули до 1 август ова лето, во индустриската хала на центарот „Лабораториум“ ќе се одржи привремената изложба „Скопје вибрира поп ап“ чија што цел е да понуди содржини во културниот и социјалниот живот во летниот период во градот Скопје. Истовремено им дава можност на младите дизајнери и уметници да ги прикажат своите колекции и уметнички дела, при што им се дава предност на младите учесници и оние кои за прв пат се претставуваат во јавноста.
„Лабораториум“ и „Лаб дизајн маркет“ ги повикуваат сите изработувачи на производи од категориите мода, накит, додатоци, мебел, осветлување, други рачни изработки како и визуелни уметници од областите сликарство, вајарство, графика, графички дизајн, илустрации, инсталации, перформативни уметности итн.
Линковите за пријавувањето може да се најдат на социјалните медиуми на „Лабораториум“ и „Лаб дизајн маркет“ како и на вебсајтот
https://cl.gy/LCfQZ
Рокот за пријавување е сабота 20 јули.