Отворен најмалиот Мекдоналдс ресторан на светот, а тамошните гости не се луѓе
Популарниот ресторан за брза храна Мекдоналдс има клиенти секаде ширум светот. Секој ден нагостуваат милиони луѓе, а сега е отворен и најмалиот ресторан на светот и тој се наоѓа во Шведска, но тамошните гости не се луѓе, туку пчели!
Симпатичниот ресторан е со големина на кошница, поради што и го понесе епитетот „најмал на светот“.
Иако е минијатурен, во него се е изработено до детал: написите, седиштата, но и славниот знак „М“. Малата градба, која е целата во знакот на Мекдоналдс, всушност не е ресторан, туку целосно функционална кошничка.
Пчелите се од клучно значење за здравото функционирање на екосистемот на планетата поради фактот дека опрашуваат околу три четвртини од нашите билки.
Меѓутоа, климатските промени и употребата на пестициди доведоа до намалување на бројот на жители, а без пчели, нема ни храна – што е лоша вест за сите нас.