„Отсутно присуство“ – изложба на досега неизложувани дела на сликарот Владимир Георгиевски


 

Во чест на 82 години од раѓањето на македонскиот сликар Владимир Георгиевски (1.6.1942 – 25.5.2017), Галерија Матица, во соработка со семејството Георгиевски, организира изложба на триесетина досега неизложувани дела од различни фази на неговото творештвото.

Изложбата ќе се отвори на 30 мај (четврток), во 19 часот и ќе трае до 24 јуни 2024.

 

“КОЈ Е МОЈОТ СВЕТ…?

​Драмата што ја живеам денес како човек и како сликар, мислам дека е добро позната, насетена и одживеана во некои други простори и други времиња. Мојот свет, можеби не е од овој свет, денешниов, но ми се чини дека комуницира со ова време на едно посложено ниво.

Но, мислам дека мое творечко право е да го бранам тој став и принцип на едно време во сите времиња и на еден свет во сите светови. Тоа е многу тешко и сложено како задача, но, онолку колку што поседувам дарба, и натаму ќе и’ служам на таа задача.„  (ВЛАДИМИР ГЕОРГИЕВСКИ)