Откорнати клупи во Паркот Македонија во Тафталиџе


Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ реагираше денес на зачестената појава да се уништува урбаната опрема , испровоцирано од вандалското однесување во Паркот „Македонија“ во населбата Тафталиџе.

-Оштетени, искршени и откорнати клупи, расфрлени во зеленилото во парк Мaкедонија, е сликата која утрово нашите екипи ја затекнаа во паркот.За жал вакви глетки на уништена парковска опрема се сé почеста појава во градот.

Упатуваме осуда кон ваквото вандалско уништување на поставената урбана опрема низ зеленилото и апелираме истата да се чува како општо јавно добро за сите посетители, стои во реакцијата на „Паркови и зеленило“.