Откорнати дрва и блокирани улици од невремето во Велес
Силно невреме попладнево го зафати Велес. Силниот ветер откорна дрва на неколку локации при што беа блокирани улици.
Освен ветер, невремето беше проследено и со обилни врнежи, град и грмотевици.Голем дел од улиците беа поплавени, а поголема штета има кај автобуската станица, кадешто освен откорнато дрво, окторната беше и една бандера.