Откажан перформансот „Во моите чевли”, во Сули ан настап на Михаил Парушев


Фото: Б. Грданоски

Авторката на перформансот „Во моите чевли” Јована Зајкова, го откажа вечерашниот настап на „Скопско лето“, информира Дирекцијата за култура и уметност.

Со почеток во 20:30 часот, во Сули ан, наместо „Во моите чевли”, ќе биде претставен материјалот за концертот на Михаил Парушев (Парусион) кој во рамки на јубилејното 45. „Скопско лето” е закажан за вторник, 30.07.2024 во Куршумли ан.