Османи во Австрија на разговори за ЕУ, односите со соседите и претседавањето со ОБСЕ


Европската интеграција на Северна Македонија и претседавањето со ОБСЕ во 2023 година ќе бидат во фокусот на средбите што шефот на македонската дипломатија ќе ги им денеска во Виена со министерот за Европа и надворешни работи на Австрија Александер Шаленберг и со министерката за Европска унија и Устав Каролине Едштадлер.

Австрија е последната етапа од минитурнејата на Османи низ земјите членки на ЕУ од поширокото соседството на Западниот Балкан, во рамки на која претходно ги посети Чешката Република, Романија и Унгарија.

На средбите со Шаленберг и Едштадлер се очекува да стане збор и за севкупните билатерални односи, за внатрешнополитичката состојба во Северна Македонија, односите со соседите, регионалната соработка, како и за други актуелни регионални и меѓународни прашања. Во тој контекст, ќе бидат согледани напорите, соработката и координацијата меѓу двете земји во справувањето со предизвиците од пандемијата.

Министрите, како што најави МНР, ќе се осврнат и на економско-трговските односи меѓу С Македонија и Австрија.