Османи се сретна со Зеленски, побара враќање на ОБСЕ во Украина


Во својство на претседавач со ОБСЕ министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се сретна со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
 
-Импресивна е пожртвуваноста и посветеноста на претседателот Зеленски во заштита на украинскиот народ и храброста во соочувањето со предизвиците и последиците од агресијата на Руската Федерација врз Украина.  ОБСЕ го поддржува украинскиот народ и ќе продолжи одблизу да ја набљудува состојбата. ОБСЕ ги има механизмите и капацитетот да им помогне на луѓето од конфликтните подрачја преку работата на терен. Еден од првите чекори треба да биде итното враќање на теренска мисија на ОБСЕ во Украина, напиша Османи на Фејсбук.